Centar.mk
РЕГИОН

Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.

Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.

Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот во неделата, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.

Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.

Пловилото било извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, заради безбедност на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 10-0: Благодарност до Србија за довербата

C +

Длабока поделеност во Србија за членството во ЕУ, покажува анкета

C +

НЕВРЕМЕ ГО ПАРАЛИЗИРА ЗАГРЕБ: Училиштата затворени, ветерот достигнува и до 90 км/ч

ДЕСК