Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

И 20 годишно момче од Охрид почина во тешката сообраќајка кај Ресен

Од тешките повреди во болницата починало и момче на 20 годишна возраст, по тешката сообраќајка која што се случила нешто по 13 часот на патниот правец Ресен – Охрид во близина на месноста “Макази”, каде на лице место загина 52 годишник од Битола, а повеќемина беа повредени.

Оваа информација потврдија официјални лица од МВР за порталот АПЛА.МК.

Во несреќата учествувале две возила, едното со странски таблички, а другото со охридски.

Според информациите едното од возилата се запалило.

Сообраќајот беше блокиран речиси два часа, а поради големите гужви едвај можеше да се искористи трасата на стариот пат кој води од Ресен кон Ѓавато.

Повеќе детали од МВР се очекуваат за утре.

Можеби ќе ве интересира

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ: Синоптичарите со нови најави за почетокот на следната седмица

ДЕСК