Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во обид да заобиколи метален предмет што паднал од камион, со мопедот завршил на асфалт – итно пренесен во болница

На 15.08.2025 во ОВР Неготино е пријавено дека во 07:10 часот, на улица „Фемо Кулаков“ во Неготино, Д.Т.(51) од Неготино управувајќи мопед со неготински регистарски таблици, паднал на коловозот откако се обидел да заобиколи метален предмет што паднал од товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(36) од Кавадарци, кое се движело по улицата. Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Предмалку почуствуван земјотрес од 2.9 степени според рихтер во Македонија – Сеизмолозите излегоа со информации

ДЕСК

Инцидент во угостителски објект во Скопје: Маж нападнат со тврд предмет

ДЕСК

Се запали возило во Скопје

ДЕСК