16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Шукова: Силно ќе се борам за правата на граѓаните на чист воздух, чиста вода и здрава природа

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, денеска во своето обраќање на 18-тиот Летен камп на СДММ порача дека младите луѓе секогаш биле и ќе бидат приоритет на социјалдемократите.

„Младите се двигател на промените. Со нивната енергија, идеи и активност можеме да ја придвижиме државата напред. Затоа СДСМ секогаш ќе им дава простор младите да бидат активно вклучени во политиката и во креирањето на иднината на нашето општество“, порача Шукова.

Говорејќи за политиките за животната средина, Шукова потсети дека токму СДСМ прв ја постави заштитата на воздухот и намалувањето на загадувањето како национален и стратешки приоритет.
„Заштитата на воздухот од загадување, СДСМ ја стави како национален, стратешки приоритет. Тоа прво ние го отворивме како процес, ВМРО-ДПМНЕ многу малку и сега, но и претходните години многу малку прават за заштита на животната средина. За разлика од нив, ние посериозно пристапивме кон овој проблем и донесовме низ годините сет на мерки коишто дадоа резултати, меѓутоа тоа не е доволно, треба многу повеќе сите заедно да направиме. Чистиот воздух, чистата вода и здравата природа се право на секој граѓанин“, рече Шукова.
Таа додаде дека локалните самоуправи мора да функционираат во вистинска синергија со граѓаните, кои треба да бидат дел од процесите.

„Општините и државата се сервис на граѓаните, кои треба да им обезбедат поквалитетен живот на граѓаните, кај нас е спротивно. Мораме да го промениме начинот на размислување и да си ги бараме услугите, ние граѓаните плаќаме за тој систем да функционира, затоа европските земји се многу посилни бидејќи системот им функционира. Сè што треба да се реализира, мора да се реализира на локално ниво. Отпадот во голем дел е ресурс кој мора да го искористиме, а тоа бара и поинаков однос и поинаква свест кај сите нас. Само со вклучени граѓани, одговорни институции и посветеност на младите, може да се обезбеди вистински напредок и подобар живот во Скопје и државата“, изјави Шукова.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО СКОПЈЕ ОГРАБЕНА “ПРОДАВНИЦА” ЗА БРЗИ КЕШ КРЕДИТИ – Полицијата трага по лице кое поседувало огнено оружје

ДЕСК