Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром – по неколку часа нормализиран авиосообраќајот

Лажна е дојавата за бомба на скопскиот аеродром, извршени се потребните проверки и аеродромот повторно функционира нормално.

Денеска (16.08.2025) во 02:41 часот на телефонскиот број 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој од “Меѓународниот аеродром Скопје” требаше да полета кон Турција.

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна односно дека нема никаква експлозивна направа. Околу 06 часот аеродромот продолжи со редовно работење.

Можеби ќе ве интересира

Работна посета на министерот Муцунски на Француската Република

ДЕСК

Син осомничен за убиство на татко во Гостивар, се обидел да ги прикрие трагите

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски го поддржува Орбан – рускиот претставник во ЕУ

ДЕСК