15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ДПИ на терен: Се проверува дали поевтини училишниот прибор

Тимовите на Државниот пазарен инспекторат од денес на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одредбите на владината одлука со која ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10% во трговија на големо и 15% во трговија на мало, а која ќе важи од денес 15.08.2025 година до 15.09.2025 година.

Согласно одредбите на Одлуката, правните субјекти се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, цена која се зема како базична и на која се утврдува намалувањето. Потоа, пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место треба да биде јасно и видливо истакнат плакат со формат од најмалку А3, кој ќе содржи натпис ,,Помалку трошоци, повеќе за тебе”, како и натпис: ПОПУСТ НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР, од најмалку 15%.

Тимовите на Државниот пазарен инспекторат во наредниот период ќе ги контролираат правните субјекти на целата територија на државата и ќе постапуваат согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, каде казните се движат од 800 до 10.000 евра во зависност од големината на субјектот, а за целосно не почитување на одлуката предвидена е мерка – привремена забрана за вршење на дејност од 15 дена.

Апелираме до трговците да се придржуваат до одредбите на владината Одлука, велат од ДПИ.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК