Centar.mk
РЕГИОН

Судир меѓу поддржувачите на СНС и граѓани во Нови Сад, маж извади пиштол

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ и граѓани, а едно лице беше снимено со пиштол.

Граѓаните се приближија кон просториите на СНС одзади, каде што избувна тепачка. Според новинскиот портал „Разглас“, некој од присутните пукал во воздух, по што некои граѓани се оддалечиле.

Исто така, беше снимено видео на кое се гледа како маж си оди со кренат пиштол. Снимката ја објави Н1 Србија.

Потоа на местото на настанот пристигна жандармериски кордон и ги одвои граѓаните и поддржувачите на СНС.

Како што можеше да се види на снимката од телевизијата Н1, граѓаните бегаа во паника и викаа дека некој извадил пиштол./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Падна Владата во Република Српска

C +

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

C +

Вучиќ: Србија се подготвува да биде нападната од Приштина, Тирана и Загреб; Државата купи суперсонични ракети од Кина

C +