Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

Реакција на СДСМ:

Скандалот со вмровските шеми во Еразмус+ вреден милиони евра мора целосно да биде расчистен од страна на Обвинителството и да следи одговорност.

Владата назначи лице под активна истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) за в.д. директор на Националната агенција.

Тоа јасно ја покажува намерата на власта да ги штити партиските и бизнис интереси по секоја цена, да се обиде да влијае на случајот којшто е во Јавното обвинителство откако ОЛАФ го достави изветајот со сите наоди.

Официјалниот извештај на ОЛАФ од 2023 година наведува постоење на основан сомнеж за злоупотреба на над 2,2 милиони евра европски пари во период на владата на Груевски, почнувајќи од 2016 година.

Владата веднаш треба да ја разреши Ана Михајлов а Јавното обвинителство без одлагање да постапи по наодите на ОЛАФ.

За злоупотреби нема место во образованието. Одговорност мора да има.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +