Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во втората половина на август започнува изградбата на колекторскиот систем во Трпејца

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се гради колекторскиот систем во Трпејца во Општина Охрид, рече дека во втората половина на август започнува фирмата изведувач со работа, а целиот процес ќе се одвива во две фази.

„Да ќе се гради. Тој е поделен во две фази колку што јас располагам со информации. Првата фаза е пречистителната станица и двата дела од цевководи, потисниот и одводниот. Па потоа имаме премумпна станица и останатиот дел од овие два цевковода во втората фаза. Така што тоа што беше дадено ветување за трпејчани ќе биде реализирано, во втората половина на август, веќе се воведува фирмата изведувач во работа.“, истакна премиерот Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК