Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На југот на Италија се преврте брод со мигранти, најмалку 20 лица загинаа

Најмалку 20 лица загинаа откако брод со мигранти се преврте кај италијанскиот остров Лампедуза во Средоземното Море, објавија денес локалните медиуми и агенцијата за бегалци на Обединетите нации.

Спасувачите досега пронајдоа 20 тела, а спасувачките операции продолжуваат, според новинската агенција Анса. Се верува дека преживеале помеѓу 70 и 80 лица.

Филипо Унгаро од агенцијата за бегалци на ОН УНХЦР изрази „длабока тага“ поради катастрофата и процени дека дополнителен број мигранти би можеле да се сметаат за исчезнати во море. „Пронајдени се дваесет тела, а ист број луѓе се водат како исчезнати“, напиша тој на својот „Икс“ профил./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

По 48 години бегство, пензионер уапсен во Италија поради убиство во Египет

C +

Обединетите Нации: Нуклеарните тестови никогаш не треба да се дозволат под никакви околности

C +

Мечките во Јапонија влегуваат во продавници и училишта, напаѓаат луѓе: се воведуваат драстични мерки

C +