Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Хаос: Гаѓал со камења кон хеликоптерот на МВР додека полнел вода, полицијата го уапси овој скопјанец

На 12.08.2025 во 18:55 часот полициски службеници од ПС Карпош лишија од слобода лице (55) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по чл.303 од КЗ (загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај).

Имено, на 06.07.2025 околу 18 часот, додека полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде реката Лепенец се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале лице кое влегло во плиткиот дел на коритото на Вардар и мавтало со рацете, по што од лица кои биле присутни на местото на настанот биле известени дека лицето фрлало со камења кон воздухопловот Белл 412 и поради тоа биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што биле ставени во крајно безбедносно загрозување и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните.

По преземени мерки и активности, лицето е пронајдено и лишено од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК