13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДУИ
Uncategorized

ДУИ: Охридскиот договор е темел на државата и гаранција за европската иднина

Соопштение на ДУИ:

По повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, Демократската унија за интеграција ја потсетува и нагласува историската одлука кога Албанците и Македонците решија да му ставаат крај на воениот конфликт и да изградат заедничка држава заснована врз еднаквоста, стабилноста и евроатлантската интеграција. Овој документ, гарантиран од САД и ЕУ, трајно ја измени насоката на нашата држава.

Во текот на овие две и пол децении, со работа и посветеност беше променет уставот, се обезбеди официјална употреба на албанскиот јазик, се афирмираа националните симболи, се изградија универзитети, училишта, болници и модерна инфраструктура. Албанците беа застапени во сите институции, достигнувајќи ја и позицијата на првиот албански премиер – ветување исполнето со дела, а не само со зборови.

ДУИ придонесе за јакнење на меѓуетничките и меѓусоседските односи, за членството во НАТО и за отворањето на преговорите за членство во Европската Унија. Од овие успеси придобивки имаше целата држава – никој не изгуби.

Како автори и спроведувачи на Охридскиот договор, нема да дозволиме негова ревизија или обиди за обезвреднување на заедничките достигнувања. Краткорочниот популизам и предизборните игри не можат да ја заменат одговорноста на државниците кои размислуваат за иднината на земјата.

Оние што немаат никаков национален придонес, а денес се претставуваат како судии на историјата, не можат да одлучуваат за жртвувањата и победите на нашиот народ. Охридскиот договор не е ничија сопственост, туку заедничко наследство и гаранција за еднаквоста на граѓаните.

Денес, повеќе од кога било, е време да останеме обединети, поврзани за нашите корени, а не за тесни интереси. Само заедно можеме да го одбраниме националното достоинство и да обезбедиме четвртина век од Охридскиот договор да нè најде горди, а не наведнати.

ДУИ е секогаш во служба на еднаквоста, стабилноста и европската интеграција на земјата.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија: Почина скопјанка откако во тешка здравствена состојба била донесена во градска

ДЕСК

Апсења на повеќе локации низ Скопје, со лисици на рацете завршија петмина

ДЕСК

Трагедија: Почина затвореник од Идризово

ДЕСК