Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Русија се подготвува за нова офанзива, а не за крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската војска не се подготвува да ја заврши војната, туку презема чекори, што, како што вели тој, укажуваат на подготовки за нови офанзивни операции.

Во објава на социјалните мрежи тој им се заблагодари на лидерите на ЕУ за нивната поддршка за независноста и за територијалниот интегритет на Украина и нагласи дека единството на ставовите не смее да биде загрозено повикувајќи ги партнерите дополнително да го зголемат притисокот врз Русија.

„Заедно разговараме за прашања што се однесуваат на безбедноста на Украина и на Европа. Секоја одлука мора да придонесе за нашите заеднички безбедносни капацитети. И ако Русија одбие да го запре убивањето, таа мора да ја сноси одговорноста за тоа“, рече Зеленски.

Тој исто така го поддржа планот на американскиот претседател Доналд Трамп за одржување самит со рускиот претседател Владимир Путин. „Навистина, сите ја поддржуваме решителноста на претседателот Трамп и заедно мора да формираме ставови што нема да дозволат Русија повторно да го измами светот“, рече Зеленски.

Тој додаде дека сè додека војната и окупацијата продолжуваат, сите мора да продолжат со притисокот – преку воена сила, санкции и дипломатија. „Им благодарам на сите што помагаат. Мир преку сила“, заклучи украинскиот претседател./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

C +

Трамп најави одлука за напад врз Иран, но сè уште се соочува со три клучни пречки

C +