Centar.mk
РЕГИОН

Во Црна Гора, армијата гаси пожари: се преврте цистерна, загина војник

Припадник на црногорската армија загинал кога воена цистерна за вода се превртела на патот, дознава порталот ЦдМ. Друг војник е тешко повреден и префрлен во Клиничкиот центар на Црна Гора.

Несреќата се случила околу 13 часот.

„Еден припадник на црногорската армија загинал, а друг се здобил со тешки повреди за време на мисија за гаснење пожари. Несреќата се случила кога цистерната за вода што ја возеле се превртела“, соопшти Министерството за одбрана.

Црногорската армија, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да ги утврди причините и околностите на несреќата.

Во Црна Гора моментално има активни пожари во шест општини, во Подгорица, Бар, Будва, Никшиќ, Шавник и Бијело Поље, изјави Миодраг Бешовиќ, генерален директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Четири авиони моментално се борат со пожарите, а се очекува наскоро да пристигне и канадер од Хрватска за да ги гаси пожарите на крајбрежјето. Хеликоптер од Србија исто така е ангажиран во гаснењето на пожарите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БРИСЕЛ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НОВОТО РАКОВОДСТВО ВО СРБИЈА – Марта Кос најави поддршка за реформите и европскиот пат

ДЕСК

НОВИ ТЕНЗИИ ПРЕД ТЕЛЕВИЗИЈАТА „ПИНК“ ВО БЕЛГРАД – Полицијата постави кордон, граѓани фрлаа јајца кон зградата

ДЕСК

ДРАМА ВО БЕЛГРАД – Граѓани влегоа во телевизијата „Информер“, прекината програмата во живо

ДЕСК