6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Од септември учениците од ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец ќе спортуваат во нова и модерна сала, за три години ќе се изградат уште 28 спортски сали

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Физичката активност на учениците е од исклучително значење за тие да можат правилно да растат и да се развиваат. Спортувањето и зголемена физичка активност, придонесува за концентрација и подобри резултати во учењето.

Со цел здрави и со поголема концентрација ученици, се вложува во спортската училишна инфраструктура, се подобрува постоечката, а каде што има потреба се гради нова.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура на образовниот систем, во следните три години ќе се градат нови 28 училишни спортски сали во различни општини.

Согласно планот, се предвидува активностите да започнат годинава и до крај на 2027 ќе бидат завршени сите објекти, за што ќе бидат вложени околу 560 милиони денари.

Моментално во завршен процес на изградба е новата училишна спортска сала во ООУ „Кочо Рацин“ во населено место Огњанци, општина Петровец во вредност од 19 милиони денари. До крај на месецов салата ќе биде целосно завршена, а од септември во новата учебна година учениците ќе вежбаат и спортуваат во модерни и современи услови.

Нова спортска сала се гради и во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во с. Булачани, општина Гази Баба. Станува збор за инвестиција во вредност од 26 милиони денари, која во моментов е половина реализирани која се простира на површина од 543 квадратни метри.

Нови спортски сали до крајот на годинава ќе добијат скопските училишта „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода.

Владата сериозно се посветува на младите, континуирано вложувајќи во подобри, современи и квалитетни услови за настава и спортување на секој ученик.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ КОЈ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО МИЦКОСКИ: Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува на целата држава!

ДЕСК

Исчезнаа неколку лица од Скопје во различни случаи – Полицијата трага по нив

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЗНАЧИТЕЛНО СЕ МЕНУВА, СИНОПТИЧАРИТЕ СО НАЈНОВА ПРОГНОЗА – Детални податоци за следните 4 дена

ДЕСК