12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МВР
МАКЕДОНИЈА

МВР: Сузбиени 14 организирани криминални групи во кои учествувале 201 лица во период од една година, продолжуваме со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминал

– Справувањето со илегалната миграција е еден од врвните предизвици и приоритети во работата на Министерството за внатрешни работи, за што говори и статистиката на преземени дејствија и резултати во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година.

Во овој период сузбиени се 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 физички лица и 18 правни лица. Откриени се 64 случаи на криумчарење мигранти, на околу 430 лица. Спречени се 6.000 обиди за илегално транзитирање, што претставува намалување за речиси 50% во однос на претходниот период.

Во соработка со Европската агенција ФРОНТЕКС, Министерството за внатрешни работи спроведува континуирани операции за контрола на границите и справување со безбедносните ризици. Покрај миграцијата, откриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција (во вредност од над 16 милијарди денари), недозволена трговија со дрога, како и нови случаи на криумчарење мигранти поврзани со меѓународни криминални мрежи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминал, како еден од стратешките приоритети за заштита на безбедноста и правниот поредок. Преку силната меѓународна соработка и решителните домашни акции МВР испраќа јасна порака дека за криминалот нема простор во нашето општество!-велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Ново раководство ја продолжува мисијата на Националната агенција за спроведување на европските програми за образование и мобилност

ДЕСК

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

C +

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице

ДЕСК