Centar.mk
РЕГИОН

Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини.

Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“.

Венгу додава дека се очекува пристигнување на два хеликоптери од воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати, уште еден „Канадер“ од Грција и два хеликоптери од европскиот механизам од Чешка и Словачка./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момчето кое изврши масовно убиство во „Рибникар“ ќе сведочи во постапката против своите родители

C +

(Видео) Вучиќ: Ако дојде до уништување на светот, нема да има сомнеж дека крајот започнал на 24 март 1999 година

C +

27-годишнина од бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија

C +