Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПОЛИЦИЈАТА СИНОЌА ГО ТРЕСЕШЕ СКОПЈЕ: Приведени повеќе лица, санкции за угостителски објекти

На 09/10.08.2025 година во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот како и во насока на одржување на поволна безбедносна состојба на подрачје на град Скопје. При тоа констатирани се 99 сообраќајки прекршоци, од кои 11 возила се подигнати со специјално возило “Пајак”, одземени се две возила поради предизвикување голема бучава, приведени се две малолетни лица за утврдување на идентитет, незастанување на даден знак Стоп и возење без возачка дозвола. Лишени од слобода се четири лица бидејќи при преглед кај нив биле пронајдени наркотични средства.

Во координација со инспектори за животна средина извршено е мерење на јачина на бучава на угостителски објекти. При тоа констатирано е дека два Угостителски објекти во централно градско подрачје го нарушиле јавниот ред и мир со пуштање на гласна музика и на истите им се сочинети за записници за констатирани прекршоци.

Исто така во текот на изминатата вечер контролирани се и угостителски објекти во координација со Државен пазарен инспекторат при што е извршена контрола на документацијата.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +