Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер вечерва ја погоди западна Турција во регионот Баликешир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на турското Министерство за внатрешни работи. Најмалку десет згради се урнаа во градот Синдири, кој е најблиску до епицентарот, соопштија локалните власти.
Четири лица се спасени од една зграда во овој град, додека се трага по уште две, изјави градоначалникот на Синдири, Серкан Сак.
„Има повеќе од десет области каде што се урнале згради. Зграда во центарот на градот, во која биле сместени шест лица, се урна. Спасивме четири лица, а во тек се спасувачки операции за уште две. Станува збор за зграда веднаш до канцеларијата на нашиот окружен гувернер во центарот на Синдирги. Исто така, има срушени згради во околните села“, рече Сак, додавајќи дека тимовите за спасување и проценка на штетите се на терен, објавија турските медиуми.
Патем, Турција беше погодена од катастрофален земјотрес пред две години кога загинаа 49.589 луѓе, вклучувајќи 6.807 странски државјани.
Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала погодија 11 турски провинции на 6 февруари 2023 година – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатја, Османије и Шанлиурфа.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...