Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Макрон: Иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците

Само неколку дена пред планираната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека Украина мора да биде вклучена во сите разговори за нејзината иднина.

„Иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците, кои се борат за својата слобода и безбедност повеќе од три години“, напиша Макрон на X.

„Бидејќи и нивната безбедност е во прашање, Европејците исто така мора да бидат дел од решението, рече тој.

Макрон претходно разговараше по телефон со украинскиот претседател Володимир Зеленски, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер, напиша тој.

По разговорот со Макрон, Зеленски напиша на X: „Украина, Франција и сите наши партнери се подготвени да работат што е можно попродуктивно за вистински мир“.

Трамп треба да се сретне со Путин во Алјаска во петок. Според „Волстрит џурнал“, Путин бара целосна руска контрола врз источните региони на Украина, Донецк и Луганск, што Зеленски категорично го отфрла./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 7,6 степени ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

ДЕСК

(Видео) Мамдани објави водич за имигранти: „Вака треба да реагирате ако ве пресретне имиграционата“

C +

Вода протече низ таванот на Лувр, оштетени стотици вредни предмети

C +
error: Соддржината е заштитена.