Centar.mk
СВЕТ

Ердоган за Газа: Одлуката на Израел е неприфатлива, поддршката за Палестина продолжува

Одлуката на Израел да преземе воена контрола врз Газа е апсолутно неприфатлива, му рекол турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на палестинскиот претседател Махмуд Абас во телефонски разговор, пренесува Анадолу.

Според турската Дирекција за комуникации, тие разговарале за израелските напади врз Газа и за најновите случувања во регионот.

За време на разговорот, Ердоган повторил дека Турција ќе продолжи да стои зад Палестина.

Нарекувајќи ги изјавите на Франција, Велика Британија и Канада за можното признавање на палестинска држава достојни за внимание, Ердоган го истакна растечкиот бран критики кон Израел на Западот и додаде дека Турција ќе продолжи со своите напори за мир во регионот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Невреме ја погоди Италија: се урна мост, поплави во неколку региони, спасувачи на терен

C +

Шефот на иранската армија: Ниеден американски војник не смее да преживее во случај на копнена инвазија

C +

Трамп: Целиот свет гледа и не може да поверува колку сме моќни и брилијантни

C +