9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Внатрешна контрола ќе го испитува вчерашниот скандал во Демир Хисар кога полицаец бараше на носилки да се однесе болна жена во полициска станица на информативен разговор

За вчерашната драма во Демир Хисар која наиде на жестоки реакции во јавноста, а беше поврзана со претрес во куќа на директорка на средно училиште која требала да биде разрешена од страна на властите се огласи МВР:

– На 08.08.2025, по претходна пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 390 од Кривичниот законик – „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола, во периодот од 19:25 до 20:20 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар, во присуство на адвокат, извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар, соопшти полицијата.

Исто така, со судска наредба, во периодот од 20:45 до 21:30 часот бил извршен претрес и во службените простории во средно училиште кои ги користи М.Л., велат од МВР.

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола,криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности од своја надлежност за што дополнително ќе ја известиме јавноста, додаваат од МВР.

Вчера инаку беше објавено видео на социјалните мрежи на кое се слуша и гледа како полициски службеник се заканува дека болната жена ако треба и на носилки со болничка ќе ја однесе во полициска станица на информативен разговор, што на социјалните мрежи предизвика одамна невидени реакции за кршење на човековите права, а опозицијата го окарактеризира како оживување на режимот. Видеата од скандалот кои молскавично одекнаа на фејсбук и јутуб се погледнати над милион пати.

Можеби ќе ве интересира

ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани убојни средства од Првата светска војна во близина на граничниот премин Меџитлија и во Старо Градско

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

ДЕСК

(ВИДЕО) Прес на Бране Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?

ДЕСК