Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Чувајте се, афричкиот топол бран чука на врата, температурите ќе достигнат и до 40°C – Метеоролозите излегоа со четиридневна прогноза

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне и 40°C.

Прогноза за 11.08.2025
Минимална температура: 11°C до 22°C
Максимална температура: 34°C до 40°C

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 12.08.2025
Минимална температура: 12°C до 23°C
Максимална температура: 33°C до 40°C

Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 13.08.2025
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 33°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК