7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски ги објави петте приоритети за украинската одбрана – 50 отсто домашно оружје на фронтот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги претстави петте клучни приоритети на Министерството за одбрана, меѓу кои се зголемување на учеството на домашно оружје на фронтот, дигитализација, намалување на бирократијата, како и решавање на персоналните прашања во украинските вооружени сили.

„Во регионот Суми беше поднесен извештај од министерот за одбрана Денис Шмихал за реформата на министерството. Првиот приоритет се однесува на максимален број нарачки од украинските производители, со цел 50 проценти од оружјето на фронтот да биде од наша продукција“, истакна Зеленски во своето синоќешно видео-обраќање.

Тој исто така ја нагласи потребата од развој на дигитални услуги и сите системи, вклучително и системот „Делта“. Според зборовите на Зеленски, неопходно е и намалување на бирократијата и воспоставување јасна комуникација со бригадите и единиците во врска со нивните потреби.

„На петтото место е целиот комплекс прашања поврзани со персоналот. Сите сме запознаени со овој проблем. Министерството за одбрана, заедно со армијата, мора да го реши тоа“, порача тој, пренесе агенцијата Укринформ.

Претседателот на Украина, за време на посетата на регионот Суми, одржа состанок со врховниот командант на армијата, Олександр Сирски, министерот за одбрана Шмихал и командантот на воздухопловните сили, Олег Апостол. Зеленски, по повод годишнината од почетокот на операцијата во регионот Курск, се сретна во Суми и со војниците од 225. јуришен полк, пренесе украинската агенција./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Украина останува без гас? – Алармантни податоци

ДЕСК

Договорено примирје: Тајланд и Камбоџа постигнаа договор за решавање на граничните тензии

C +

Планирале државен удар во Германија: под истрага неколку лица

C +