Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода двајца возачи на подрачје на СВР Штип, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди

На 06.08.2025 во 19:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода маж(58) од Кочани. Околу 18:00 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Кочани, тој со возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, а при вршење увид било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,93 промили алкохол во крвта.

На 07.08.2025 во 03:20 часот на регионалниот пат Берово-Делчево, во атар на с.Чифлик, беровско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Берово ја лишиле од слобода маж(23) од Берово. Управувајќи возило „матиз“ со беровски регистарски ознаки на патот, околу 02:50 часот, таа изгубила контрола и излетала од патот, а при вршење увид било констатирано дека го управувала возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,59 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ .

Можеби ќе ве интересира

Фрчкоски: Власта се плаши од скандалите за криминал кои ги отворивме, затоа ме напаѓа лично и семејно

ДЕСК

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони во енергетиката

ДЕСК

Фрчкоски: Фокусот на мене е дефокус од мигранти за пари, криминал и корупција

ДЕСК