Centar.mk
СВЕТ

Договорено примирје: Тајланд и Камбоџа постигнаа договор за решавање на граничните тензии

Тајланд и Камбоџа постигнаа договор за решавање на граничните тензии, објави тајландската влада.

„Заврши состанокот на комитетот за решавање на ситуацијата на границата меѓу Тајланд и Камбоџа. Двете страни се согласија за договор од 13 точки за почитување на режимот за прекин на огнот. Претставниците на двете земји потпишаа протоколи насочени кон намалување на граничните тензии и враќање на мирот во граничната област“, се вели во соопштението објавено од тајландската влада на мрежата Икс.

Во неделата, Министерството за одбрана на Камбоџа го обвини Тајланд за планирање нови напади и нареди евакуации по граничните области, иако официјален Бангкок ги отфрли обвинувањата.

Тајланд и Камбоџа ја опишаа граничната ситуација денес како мирна и ветија дека ќе го почитуваат прекинот на огнот.

Постигнувањето на примирјето беше посредувано од премиерот на Малезија Анвар Ибрахим, во својство на претседател на АСЕАН, со притисок од Вашингтон и американскиот претседател Доналд Трамп.

Конфликтот меѓу Тајланд и Камбоџа произлегува од долгогодишни спорови што датираат од колонијалното време и договори што дефинираа заедничка граница./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на демонстрантите во Иран да продолжат да протестираат и дека помошта е на пат

ДЕСК

Атина без такси 48 часа: возачите на улица против даночните мерки

C +

САД со предупредување: Американците веднаш да го напуштат Иран

C +