Centar.mk
БИЗНИС

Јапонија ќе гради високоавтоматизирани воени бродови за Австралија

Јапонија денеска потпиша договор вреден 10 милијарди австралиски долари за изградба на воени бродови од следната генерација за Австралија, што претставува најзначајна продажба на јапонска одбранбена технологија од укинувањето на забраната за извоз на воена опрема во 2014 година – чекор што го оддалечува Токио од поствоениот пацифизам.

Според договорот, компанијата Mitsubishi Heavy Industries од 2029 година ќе ѝ испорачува на Кралската австралиска морнарица надградени повеќенаменски фрегати од класата Mogami.

Овие високоавтоматизирани воени бродови, дизајнирани за лов на подморници, напад на бродови и противвоздушна одбрана, ќе може да се управуваат со само 90 морнари – помалку од половина од екипажот потребен за сегашните бродови.

Австралија планира да ги распореди новите бродови за одбрана на клучните поморски трговски рути и северните морски подрачја кон Индискиот и Тихиот Океан, каде што Кина сè повеќе ги зголемува својата присутност и активностите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Од полноќ дизелот поскапува за 2, а бензините за 2,5 денари по литар

C +

Туризмот донесе 10 милијарди долари во првиот квартал од 2026 година: Туркије и натаму е една од најпосетените дестинации

ДЕСК

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +