4. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Истрага за обид за убиство и насилство во Струга

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривични дела – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Насилство од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик, додека вториот осомничен му помогнал да го изврши обидот за убиство.

-На 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот автомобил БМВ Х6 го попречил патот на Фолксваген голф 7 во кој се превезувал оштетениот и уште едно лице. Двајцата осомничени излегле и се упатиле кон оштетените и ги нападнале физички, најпрво удирајќи ги со боксови. Во еден момент првиот осомничен извадил нож и му нанел повеќе убодни рани на оштетениот во стомакот, надлактицата и вратот, со што му предизвикал тешки телесни повреди. За тоа време вториот осомничен извикувал и го поттикнувал да го доврши делото.

Сведокот-оштетен се обидел да ги оттргне и да ги спречи, па првиот осомничен и врз него извршил насилство, расекувајќи го со ножот на раката и предизвикувајќи чувство на загрозеност и страв во јавноста.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Силно невреме го зафати и струмичкиот и кочанскиот регион

ДЕСК

НЕВРЕМЕТО ДОБИВА НА ИНТЕНЗИТЕТ ВЕЧЕРВА И УТРЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Темни облаци над Скопје – Град со големина на орев погоди делови од Карпош

ДЕСК