17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА: Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре и во вторник на повеќе места времето ќе биде ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Процесите ќе бидат поинтензивни особено во текот утрешниот ден кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град.

Од среда ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.

Прогноза за 05.08.2025
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 06.08.2025
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 35°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 07.08.2025
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 28°C до 35°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските гериони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

C +

СДСМ: Шамар за скопјани-ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

C +

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

C +