5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Официјална фоторафија на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода возачи од тетовско, Куманово и Валандово поради „безобѕирно управување на моторно возило“

На 03.08.2025 во 05:30 часот во с.Долно Палчиште, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода маж(67) од с.Камењане, затоа што при радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „мерцедес”, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 03.08.2025 во 03:32 часот во Куманово полициски службеници лишија од слобода маж(34) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници на булевар „Октомвриска револуција“ запреле патничко возило „ауди“, управувано од мажот и било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1.61 промили алкохол во крвта. Исто така околу 03:00 часот на улицата „Ѓорче Петров” во Куманово бил лишен од слобода и маж (53), кој управувал мотоцикл „кимко” и му биле измерени 2.17 промили алкохол во крвта.

На 03.08.2025 во 00:15 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од слободалишија маж (37) од Валандово.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „geely“ со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа констатирале дека возел под дејство на алкохол, односно биле утврдени 1,83 промили алкохол во крвта. Лицата се исклучени од сообраќај и по целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување моторно возило“.

Исто така, на 02.08.2025 во 20:00 часот во ПС Делчево од Итна медицинска помош Делчево било пријавено дека за укажување на лекарска помош било донесено лице кое паднало од мотор во село Бигла. Постапувајќи по пријавата, полициски службеници од ПО за БПС Делчево констатирале дека се работи за лицето Н.Ѓ. (45), кај кого се утврдени 2,51 промили алкохол во крвта. Известен е јавен обвинител од ОЈО Делчево, по чии насоки против Н.Ѓ. ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање нови работни места

C +

Тошковски за дивеењето на скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

C +

Утре, сончево време, со локална појава на дожд и грмежи

C +