Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Во Куманово се ширеше омраза, институциите молчат!

Интегрален текст од денешното соопштение на ДУИ:

Демократската унија за интеграција ja изразува својата најдлабока огорченост и револт за скандалозниот настан што се случи синоќа во Куманово, за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Северна Македонија и Романија, каде во присуство на највисоки државни функционери, вклучително и премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик премиерот Иван Стоилковиќ, се слушаа антиалбански скандирања, рацистички извици и чист говор на етничка омраза против Албанците!

Наместо спортски натпревар и манифестација на заедништво, овој настан се претвори во театар на примитивен национализам и колективна омраза, нешто што нема место во едно општество кое тежнее кон членство во Европската Унија.

„Добар Шиптар е мртов Шиптар“, „Гасна комора за Албанците“, „Чиста Македонија“, се пораки кои не враќаат во најмрачните периоди на европската историја, и кои не смеат да се релативизираат, да се премолчат и да се толерираат.

Уште поалармантно е молкот на организаторите, на Кошаркарската федерација, на МВР, на Општина Куманово, на Владата и на секој присутен претставник на институциите на таа трибина исполнета со омраза.

Немаше институционална реакција, немаше морална осуда, ниту политичко дистанцирање. Само одобрение преку молк, што за нас е исто толку тешко како и самите скандирања.

За нас во ДУИ, овие акти се голем аларм за демократијата, за соживотот и за безбедноста на граѓаните во оваа земја. Никој нема право да промовира етничко чистење на спортски натпревари и никој нема право политички да си игра со чувствата на еден народ кој дал извонреден придонес во изградбата на оваа држава.

Затоа, бараме:
• Итна истрага за инцидентот од страна на МВР и Јавното обвинителство,
• Санкции за организаторите,
• Официјална реакција и јавно дистанцирање од Владата и сите присутни функционери,
• Вклучување на меѓународниот фактор за следење на ширењето на говорот на омраза и институционалниот национализам.

Сите треба да знаат: Нема да дозволиме оваа земја да се претвори во арена на етничка омраза. Нема да дозволиме Албанците да бидат цел на фашистички повици. И нема да молчиме, ниту сега, ниту во иднина.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК