Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

(Видео) Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија!

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба, епопејата за слободна, независна држава.

Денеска ги славиме и двата Илиндени, и тој од 1903-та и тој од 1944-та и АСНОМ.

Мора прво да се присетиме и да оддадеме признание на сите жртви коишто со својата крв, со својата жртва се вградија во темелите на нашата модерна држава. Тие ја започнаа борбата за да од една сиромашна, полуфеудална и неразвиена земја ние сега живееме денеска во модерна и развиена држава.

Меѓутоа мора да признаеме дека нашата мирновременска борба не е завршена, дека мораме уште многу напорно да работиме, да конечно станеме дел од Европа каде што припаѓаме, и цивилизациски, и културно, и географски.

Сите заедно мора да работиме и да ги оставиме настрана и поделбите и квалификациите на патриоти и предавници, затоа што вистински патриотизам е само унапредување на нашата држава.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Пост-мониторингот заврши, но потребни се уште многу тешки реформи

ДЕСК

СДСМ: Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците

ДЕСК

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК