Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Утре изолирана појава на пороен дожд и грмежи, понеделник невреме низ речиси цела Македонија – Метеоцентар со детална прогноза

Утре ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Локална појава на нестабилност ќе има и во вторник, а од среда се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.

Прогноза за 04.08.2025
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Прогноза за 05.08.2025
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Променливо облачно со сончеви периоди и со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 06.08.2025
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 35°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК