Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија – ова е ден кој нé обединува

Денес по повод чествувањето на големиот празник 2 Август – Ден на Републиката, Илинден ,премиерот Христијан Мицкоски во Скопје даде изјава за медиумите и целата јавност.

„Почитувани прeтставници на медиумите, почитувана македонска јавност,

Дозволете ми од овде, од центарот нa нашиот главен град, Скопје да го честитам големиот празник Илинден.

Овој ден нека не потсетува на жртвата која што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имaме , а тоа е слободна, независна држава Македонија.

Нека нивната жртва не потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите кои што следат после нас, држава во која што имаме среќни граѓани, држава која што ќе биде просперитетна, држава која што ќе биде татковина на сите без разлика на етничката припадност. Овој ден нека не обединува, да се слави, да ни е вековит, да го чествуваме достоинствено и на помош нека ни е Свети Илија.

Ви благодарам.“, рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК

„Снаата е тешко повредена, треба операција“: Виничанка наседнала и оставила 12.400 евра

ДЕСК

26 годишен маж претепан од својата 20 годишна девојка

ДЕСК