Centar.mk
СВЕТ

Вонредно во Њујорк и Њу Џерси поради поплави – хаос во сообраќајот, откажани летови

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, и вршителката на должноста гувернер на Њу Џерси, Тахеша Веј, прогласија вонредна состојба поради обилните дождови кои предизвикаа сериозна опасност од поплави во регионот.

Според американските медиуми, обилните врнежи доведоа до сериозни нарушувања во железничкиот и авионскиот сообраќај долж источниот брег на САД. Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за поплави на подрачја од Вашингтон и Балтимор, преку Филаделфија, Делавер, Њу Џерси па сè до Њујорк.

Најмалку 1.170 летови беа откажани од осум големи аеродроми, меѓу кои: Вашингтон Далес, Балтимор-Вашингтон, Националниот аеродром Роналд Реган, Филаделфија, Њуарк Либерти, ЛаГвардија, Џон Ф. Кенеди и Бостон Логан, покажуваат податоците на сервисот за следење на летови „Флајт авер“.

Железничкиот сообраќај исто така беше нарушен, особено меѓу Филаделфија и Вилмингтон поради поплавени шини./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Санчез: Трамп игра „руски рулет“ со животите на милиони луѓе

C +

Советник на иранскиот лидер: Нема преговори со САД, ќе војуваме колку што сакаме

C +

Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“

C +