Луѓето односно возачите кои безобѕирно управуваат со моторни возила повеќе нема да се спасуваат со плаќање само казна, ќе лежат и затвор и ќе им биде конфискувано возилото, најави министерот Панче Тошковски.
– Ќе им биде конфискувано возило со коешто се прават вакви кривични дела од кои за жал ги губиме нашите најмлади како на улиците, во градовите, така и по автопатишта, рече министерот за внатрешни работи.
Конфискуваните возила ќе бидат поделени по министерствата и државните институции.
Иако засега нема информации што точно значи зборот “безобзирно управување на возило”, дали тоа е секој возач кој вози побрзо од дозволената брзина или двојно или пак тројно од дозволената брзина, како и тоа колку промили алкохол значи тоа и тн, власта најавува конфискација на возилата на таквите возачи.
Граѓаните се во недоумица поради нејаснотиите што значи “безобзирно” управување на возило. Граѓаните на социјалните мрежи жестоко реагираат и прашуваат дали законот ќе дозволи произволна основа за тоа што значи безобзирно управување и ќе биде можност за политичка злоупотреба и пресметка со неистомислениците.
Исто така граѓаните го отвораат и прашањето за уставноста на чинот одземање на личен и чесно стекнат имот.
Сепак работите треба да станат појасни во следниот период кога и предлог измените ќе стапат во сила.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...