Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СВР Куманово го расчисти случајот со пукањето на семејна веселба во Куманово, кој беше споделен на социјални мрежи, извршен е претрес и приведени се две лица

На 31.07.2025, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода лицата на возраст од 30 и 25 години, двајцата од Куманово.

Постапувајќи по претходна пријава дека имало пукање од огнено оружје на семејна веселба во Куманово, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во нивниот дом, при што биле пронајдени и одземени два пиштоли, за кои постои сомнение дека со нив пукале на веселбата.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Николовски: Во ЕУ го запреа Мацура за 19%, кај нас доби согласност за 100%, Европа е филтер за криминал

ДЕСК

Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање,  постои мерка на администрација, Народна банка реагираше навремено

ДЕСК