10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во деновите од викендов ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Во вторник ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од среда се очекува стабилизирање на времето.

Прогноза за 03.08.2025

Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 36°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 04.08.2025

Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 24°C до 33°C

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Прогноза за 05.08.2025

Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 25°C до 34°C

Променливо облачно со сончеви периоди и со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК