Centar.mk
СВЕТ

Песков: Путин никогаш не оди на одмор

Рускиот претседател Владимир Путин официјално никогаш не оди на одмор, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ова практично никогаш не се случува, па затоа тој официјално никогаш не оди на одмор. Функцијата на шефот на државата не вклучува можност за одмор“, изјави Песков за Телеграм каналот „Јунасев лајв“, објави ТАСС.

Според него, Путин понекогаш има „неколку слободни денови“, но дури и тогаш нема цел ден без обврски.

„Дури и во тие денови, тој не успева да биде целосно слободен“, додаде тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Санчез: Трамп игра „руски рулет“ со животите на милиони луѓе

C +

Советник на иранскиот лидер: Нема преговори со САД, ќе војуваме колку што сакаме

C +

Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“

C +