2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На Флорида егзекутиран маж, кој во 1994 година со мачета си го уби семејството

Маж осуден за брутално убиство на својата сопруга и двете деца со мачета беше егзекутиран на Флорида станувајќи деветтата личност погубена во оваа сојузна држава годинава, што претставува нов годишен рекорд. До крајот на август се планирани уште две егзекуции.

Едвард Закжевски (60) беше прогласен за мртов во четвртокот по инјектирање тројна смртоносна инјекција – седатив, средство за парализа и за запирање на срцето.

Тој издржуваше смртна казна од 1994 година кога беше осуден за убиство на сопругата и нивните две деца на возраст од седум и пет години. Според судските сведочења, првин ја нападнал сопругата со метална шипка и ја задавил со јаже, а потоа ги убил децата со мачета. Кога се посомневал дека таа сè уште е жива, повторно ја нападнал со мачета.

Претходно им кажувал на други дека „подобро е да ги убие отколку да дозволи сопругата да го напушти“.

Последниот обид за одложување на егзекуцијата го загуби во средата, ден пред извршувањето.

Неговиот последен оброк бил пржени свински котлети, пиво и сладолед. Последните зборови му биле:

„Сакам да им се заблагодарам на добрите луѓе од сончевата држава што ме убија на најладен, најпресметан, најчист, најхуман и најефикасен можен начин. Немам никакви приговори“.

Противниците на смртната казна истакнаа дека егзекуцијата не требало да се изврши бидејќи поротата во 1994 гласала за смртна казна со сооднос 7 спрема 5, што денес не би било правно доволно.

Со девет егзекуции досега Флорида веќе го надмина претходниот рекорд од осум од 2014 година. Дополнителни егзекуции се закажани за 19 и за 28 август.

Нитедна друга сојузна држава во САД не спровела повеќе егзекуции оваа година – Тексас и Јужна Каролина се на второ место со по четири.

Во САД од почетокот на 2025 година се егзекутирани вкупно 27 мажи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мухамед е најпопуларното име за момчиња во Англија, втора година по ред

C +

Франција почна со достава на хуманитарна помош од воздух во Газа

C +

Рубио за Путин: Трамп нема да чека вечно

C +