Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Мицкоски: Им благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од новите тарифи на САД кон Македонија од 15 проценти.

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со оваа тема, Мицкоски изрази задоволство што Македонија е во групата држави како Норвешка, Израел и ЕУ, но најави и продолжување на разговорите по кои очекува ново намалување.

„Од она што го видовте од соопштението на Кабинетот на претседателот Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор, бидејќи тој рече дека до 1 август ќе ги објави новите царински, односно не се царини, туку трговски маржи, да ги наречам. Ние сме од 33 % намалени на 15 отсто, преговорите продолжуваат, во моментот се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш по годишните одмори, што ќе ги користат и администрацијата во Кабинетот на претседателот Трамп и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во министерствата и во институциите, и очекувам во втората половина на август да продолжиме со преговорите. Очекувам уште да одиме подолу. Во соседството, од она што беше објавено, ја има Србија со 35 %, БиХ со 30 %, Швајцарија со 39 % и ние како Македонија сме во иста група со Израел, Норвешка, ЕУ и јас сакам во оваа прва фаза да им се заблагодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 %. Ние продолжуваме понатаму да преговараме и оптимист сум дека ќе одиме уште подолу“, додаде Мицкоски при посетата на реконструираната Клиника за уво, нос и грло./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

29.990 ДОЛАРИ ЗА ВОЗИЛОТО, УШТЕ 299 МЕСЕЧНО – Tesla отвори ограничени нарачки за Cybercab

ДЕСК

NASDAQ ЗАВРШИ ВО МИНУС, DOW ОСТАНА ВО ПЛУС – Технологијата го повлече Волстрит во петокот

ДЕСК

БРЕНТОТ НА 95,84 ДОЛАРИ, АМЕРИКАНСКИОТ ГАС ПАДНА – Како енергенсите ја завршија неделата?

ДЕСК