Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Костова по одлуката на Ралев: Интегритетот е бесценет, но сè поредок

По одлуката на Мишко Ралев да му се приклучи на тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, со реакција на Фејсбук се огласи потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

„Личниот и професионален интегритет и достоинство се бесценети, но, за жал, сѐ поретки во нашето опкружување“, напиша Костова, алудирајќи на потегот на Ралев, кој до неодамна важеше за гласен критичар на градежната политика на ВМРО-ДПМНЕ, а сега застана токму зад нивниот кандидат.

Костова нагласува дека „ќе нѐ биде кога себичноста и егото нема да ја совладаат колективната благосостојба и напредок“, алудирајќи на потребата за колективна одговорност и вредносна доследност. Таа ги осуди, како што ги нарече, „каприциозните мегаломански очекувања“ на поединци, кои, според неа, ги прегазуваат човечките и професионалните принципи.

„Добро е што однапред се потврдува исправноста на нашите одлуки. Ставовите и позициите се кристализирани“, додава Костова, алудирајќи дека преминот на Ралев само ја зацврстува одлуката на СДСМ да настапи со Каја Шукова како кандидатка за Скопје.

На крајот од својот коментар, таа упати јасен повик: „Редно е чесните, искрени и добри намери да се обединат во рационално дејствување против оние кои недвосмислено ни го разнебитуваат општеството.“

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА ГЛАСАЊЕТО: Вкупно 4.826 болни или немоќни лица и 1256 затвореници можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори

ДЕСК

12 годишен битолчанец ограбил автобус со кој се возеле ексурзијанти од трето одделение – Украл лични работи на ученици и наставници, а потоа бил фатен

ДЕСК

Сончево време со температура до 23 степени

C +