Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Функција наместо кауза – Ралев ги погази сопствените вредности

До пред само неколку недели Мишко Ралев беше најсериозното име за кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ.

Сепак, работите помеѓу него и раководството на СДСМ се изјаловија, па така наместо со него, СДСМ излезе со Каја Шукова како кандидат за градоначалник на главниот град.

И наместо да ѝ помогне на партијата каде неколку години беше и член на Извршниот одбор, Ралев по неколку дена премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, односно кај кандидатот за градоначалник на оваа партија, Орце Ѓорѓиевски.

Гледано од овој временски аспект СДСМ очигледно направила добра процена со тоа што решила да не го кандидира Ралев, човек кој со своето однесување покажува дека битна му е само функцијата а не и некаква кауза или идеологија.

Нема друг начин да се објасни неговиот „прелет“ кај оние кои „до вчера“ го напаѓаа на прес-конференции и кои измислуваа различни конструкции околу неговата кандидатура.

Преминувањето на Ралев во спротивниот табор е уште еден во низата „предавнички потези“ на македонската политичка сцена.

Ралев беше гласен критичар на „највмровскиот“ проект Скопје 2014, нарекувајќи го вирус и удар во идентитетот, па останува да видиме дали цената за неговото преминување во спротивниот табор ќе биде менување на ставот по однос на проектот што со години го критикуваше.

Фото: Фејсбук профил на Орце Ѓоргиевски

Можеби ќе ве интересира

МИРЕН ВИКЕНД, А ПОТОА НЕВРЕМЕ НОСИ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И СТУД – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Одбележана „25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1325 за Жени, мир и безбедност

ДЕСК

Раззеленети првите два училишни двора избрани на dm конкурсот „Зелена иднина: Од градинка до училиште“

ДЕСК