Денес почнува едно од најголемите музички случувања во регионот за оваа година – Sunny Hill Festival 2025. Од 1 до 3 август, фестивалот ќе ја претвори Приштина во регионален центар кога станува збор за фестивалите и настапите на светски музички ѕвезди.
Првиот ден, 1 август, ќе биде обележан со настапот на глобалната суперѕвезда Дуа Липа, која се враќа на сцената во својата татковина со ексклузивен настап на Sunny Hill Stage. Заедно со неа, публиката ќе има можност да ги проследи настапите на Edis, Tayna, Kida, Cil, Deezy и редица други познати изведувачи. Ноќната програма продолжува на C4 Stage, каде што ќе настапат Fatboy Slim, Skream, Bookie и Edgar Kerri.
На 2 август, главна ѕвезда ќе биде светски познатиот пејач Shawn Mendes, кој ќе настапи на главната сцена заедно со Era Istrefi, Ledri, Headie One, Sainte и други изведувачи. Во продолжение на вечерта, публиката ќе ужива во електронските сетови на Mochakk, Sugar Rush и други на C4 Stage.
Фестивалот ќе заврши на 3 август со настапи на Anyma и Peggy Gou, кои ќе го заокружат овогодишното издание со уникатно визуелно и музичко доживување под отворено небо. На програмата се и настапи на Bess, Edgar Kerri, TSHA, Adrian Berisha, Mygal и други, кои ќе ја донесат електронската енергија до самиот крај.
Овогодинешниот Sunny Hill Festival ќе понуди богата програма од пладне до раните утрински часови. Фестивалот е само еден час оддалечен од Скопје, што го прави лесно достапен за македонската публика.
Билетите се достапни преку официјалниот веб-сајт или на Инфо пунктот на плоштадот Заир Пајазити во Приштина. За повеќе информации, посетете ја страницата www.sunnyhillfestival.com или официјалниот Instagram профил на фестивалот.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...