Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Дали на Ралев сега ќе почне да му се допаѓа Скопје 2014?

Вест на денот на политичката сцена во Македонија е експресното менување на партискиот табор на архитектот и професор Мишко Ралев кој откако не беше кандидиран за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, премина во тимот на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ралев е архитект, професор и своевремено претседател на Асоцијацијата на архитекти, беше гласен критичар на проектот Скопје 2014.

Зборувајќи за проектот Скопје 2014, Ралев го оцени како удар на иденитетот.

„Тој (Скопје 2014) не само удар во животот на Скопје, тоа е удар и на нашиот идентитет. Затоа што да не заборавиме, архитектурата е базична активност, човекова активност којашто го одредува човекот културолошки, социолошки, па и идентитетски. Нели, ние сите се се фалиме со минатото наше со црквите од 14ти, од 11ти век, со народната архитектура по нашите градови, којашто е феноменална, но модерната архитектура некако како да ја тргнавме од професионалната архитектура“ ќе каже Ралев во едно интервју.

Но прашањето денеска е дали на некогашниот член на Извршниот одбор на СДСМ, сега ќе почне да му се допаѓа проектот што со години го критикува, имајќи предвид партијата во која сега премина се уште се фали со проектот Скопје 2014.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Пост-мониторингот заврши, но потребни се уште многу тешки реформи

ДЕСК

СДСМ: Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците

ДЕСК

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК