1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За распишување на изборите Гаши ќе го чека последниот рок поради краткото време за избор на омбудсман и претседател на ДКСК

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, нема да брза да ги распише локалните избори, кои треба да се одржат оваа есен оти сѐ уште не се избрани нов народен правобранител и нов претседател на Државната комисија за спречување корупција откога досегашниот омбудсман се пензионира, а досегашната претседателка на ДКСК поднесе оставка.

„Најавивме дека сме во едно кратко време во врска со изборот на народниот правобранител и на претседателот на ДКСК. Ќе гледаме да ги распишеме изборите до крајниот датум, до кој законски сме обврзани. Ќе чекаме до крај за секој ден да го употребиме во насока на реализација на овие две цели“, рече претседателот на Собранието, Гаши.

Доколку договорен датум за изборите е 19 октомври, како што најави премиерот Христијан Мицкоски, Собранието треба да ги распише најдоцна до 10 август кога истекува законски најкусиот рок до изборите од 70 дена. Собранието може да ги распише изборите 70-90 дена пред договорениот датум.

За помалку од десет дена Собранието ќе се обиде да најде решение за испразнетите места на нардониот правобранител и на претседателот на ДКСК. Претседателот Гаши рече дека законските одредби не прецизираат докрај дали во период на распишани избори може да се врши изборот на народниот правобранител и на претседателот на ДКСК. Во овие неколку дена до распишувањето на изборите Гаши најави дека ќе се трудат да завршат што е можно повеќе од предвидените процедури за испразнетите места во институциите и рече дека е спремен да ги намали роковите колку што може за овие две институции да не останат обезглавени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВЛАСТА НАЈАВУВА ТРАЈНА КОНФИСКАЦИЈА НА ВОЗИЛА ОД 2026-ТА ЗА БЕЗОБЗИРНИТЕ ВОЗАЧИ: Нивните макотрпно заработени возила ќе бидат донирани по министерства и државни институции

ДЕСК

Функција наместо кауза – Ралев ги погази сопствените вредности

C +

Дали на Ралев сега ќе почне да му се допаѓа Скопје 2014?

C +