Centar.mk
Screenshot
-МАКЕДОНИЈА

Возеле со 2.6 и 2.83 промили алкохол – Лишени од слобода возачи од Битола и Демир Хисар, управувале возила под дејство на алкохол

На 30.07.2025 во 16:40 часот на експресниот пат Прилеп-Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода лице (40) од Битола. Тој, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки удрил во банкина, а по извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,83 промили алкохол во крвта.

На 31.07.2025 во 00:12 часот на ул. „Битолска” во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар лишиле од слобода лице(47) од Демир Хисар. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „голф” со демирхисарски ознаки, кое го управувал уапсениот, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.60 промили алкохол во крвта. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од КЗ – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Можеби ќе ве интересира

Предлог-законот за јавно обвинителство на јавна расправа

ДЕСК

ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО: Студена воздушна маса носи дожд и снег низ Македонија – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК