1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со новите извешати на УЈП и Царина може да констатираме дека периодот на консолидација заврши, следува период на раст на економијата во државата

Денес во Собранието на Република Северна Македонија се одржа седница за пратенички прашања.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Драгана Бојковска до премиерот Христијан Мицкоски постави пратеничко прашање за моменталната состојба во економијата, како и очекувањата за параметрите во економијата до крајот на годината.

„Моменталната економска состојба е стабилна, со тенденција за раст и сето тоа беше потврдено и од агенцијата „Стандард и Пурс“ кои што ја потврдија состојбата и кредитниот рејтинг на државата со ББ- со стабилни изгледи. Тоа значи дека оние сценарија кои што ги слушавме во јавноста, никако да се реализираат, дека слабо ни одело, лошо ни одело во економијата и слично, но имајќи предвид што наследивме, хаосот, катаклизмата и криминалот успеавме за релативно краток период се консолидиравме.“, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека денес се очекуваат извештаите околу наплатата на даноците и давачките преку Управата за јавни приходи и Царината, и потенцираше дека овие две институции даваат извонредни резултати во месец јули, со што веќе завршува состојбата на консолидирање, и веќе е состојба на раст.

„Еве за прв пат можам да кажам во Царината, не знам после колку долго време, пробива сума од 12 милијарди денари во еден месец за наплата, очекувам денес да се стигне до 12.5 милијарда денари во месец јули. Исто така добра вест и од УЈП, со што е натфрлена наплатата на данок на додадена вредност за промет во земјата во јули месец за 15 проценти споредено со месец јули минатата година. И на тој начин ги проектираме и приходите до крај на годината за да обезбедиме ликвидност, поголеми плати и пензиии, реализација на капитални инвестиции и сл. Само тоа говори дека периодот на стабилизирање е завршен и сега е период на раст.“

Премиерот истакна дека денес стигнала уште една потврда за позитивните движења во економијата, за растот на индустриското производство за месец јуни и истиот продолжува да расте. Исто така додаде дека иако овој раст за разлика од месец јуни 2024 година е мал, 0,5% сепак целиот изминат втор квартал во 2025 година индустриското производство констатно расте, април месец 2025 раст над 2%, историски највисоки во мај месец од 9,4% во мај, а просекот на раст на индустриското произвдоство за вториот квартал од оваа година ќе биде 3,8 или 3,9 проценти, додека за првите 6 месеци 2,8 %.

Во одговорот на пратеничкото прашање за состобите во економијата и очекувањата за до крајот на годината премиерот Мицкоски се осврна и за растот во преработувачката индустрија во првата половина од годината расте со стапка од 4% и тој дополни дека сите параметри растат од аспект на макроекономската слика.

„Споменав пред некој ден дека и платата, нето и бруто платата растат од 11% споредено со истиот месец од минатата година и покрај обидот од некои од опозицијата да каат дека тоа не точно и дека тоа не се случува, ова се бројки и велат пред бројките и боговите молчат. И бидејќи вчера имавме економски- социјален совет на кој што се разговараа неколку точки, околу потрошувачката кошница и меѓу другото дневниот ред беше дополнет со точка за минималната плата. На состанокот на темата за минималната плата дојдовме до фактот дека кога ќе се земат трошиците за живот и пондерирани на минималната плата, ние како држава сме на средината на листата на „Фајнанс Тинк“, најдобро ниво на минимална плата спореден со трошоците за живот е Германија, а најниска е Албанија, а ние како држава сме на средина. Да речеме подобри сме од Португалија, од Грција, Србија, Црна Гора итн и овој извештај е изработен од „Фајнанс Тинк“, невладина организација која се занимава со анализа на овие параметри, а не од некоја владина институција.“

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски вели дека во споредба плата-трошоци за живот, подобри сме од Грција, Португалија, Кипар, Унгарија…

ДЕСК

Голема полициска акција вечерва кај патарината кон Куманово, сообраќајот во колапс

ДЕСК

СВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОД ВТОРНИК ПРЕСВРТ – Метеоцентар со неколкудневна прогноза

ДЕСК