11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДЗС
-МАКЕДОНИЈА

Гори на три локации низ Македонија

Според утринските податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во текот на изминатото деноноќие (30/31 јули 2025), на територијата на Република Северна Македонија биле евидентирани вкупно 28 пожари на отворен простор. Од нив, три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 24 се целосно изгаснати.

Моментално најсериозен е пожарот во општините Василево, Радовиш и Берово, каде што гори нискостеблеста шума, смрека и густа вегетација на планината Голем Готен и во дел од Малешевските Планини.

Вториот активен пожар е во Прилеп, во близина на селото Бешиште и местото викано Бешишки Рид. Иако еден крак од овој пожар е ставен под контрола, останатите два – еден кон селото Градешница (општина Новаци), и друг кон граничниот појас со Република Грција – сè уште не се гаснат поради постоење на детонациски опасности. Станува збор за мешана шума која дополнително ја отежнува интервенцијата.

Третиот активен пожар е регистриран на подрачјето на Кавадарци, помеѓу селата Галиште и Ќесендре. Таму гори мешана шума и нискостеблеста вегетација, а теренот е тешко пристапен.

Од активните пожари, само еден е ставен под контрола – оној во село Јунузлија, во општина Карбинци, каде што гореше површина со шума.

Добра вест е што во последните 24 часа се изгаснати дури 24 пожари низ земјава. Најголем дел од нив беа на локации како: Штип, Македонски Брод, Македонска Каменица, Битола, Куманово, Гевгелија, Струмица, Чашка, Делчево, Боговиње и Валандово. Меѓу нив имаше пожари во депонии, автопати, сува трева и шумски површини.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.