12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(ВИДЕО) Разорниот земјотрес погоди болницаа додека лекарите оперираа пациент, еве ја нивната реакција

Лекарите во Петропавловск-Камчатски продолжија да оперираат пациент и покрај силниот земјотрес, објави регионалниот министер за здравство Олег Мелников.

Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија во среда, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи тревоги и евакуации низ Тихиот Океан.

Лекарите во Петропавловск-Камчатски продолжија да оперираат пациент и покрај силниот земјотрес, објави регионалниот министер за здравство Олег Мелников на својот Телеграм канал.

„И покрај опасноста, лекарите ја задржаа својата смиреност и останаа со пациентот до самиот крај“, напиша Мелников, додавајќи дека пациентот во моментов е надвор од опасност.

Да додадеме дека земјотресот оштети згради и повреди неколку луѓе во тој оддалечен дел од Русија.

видеото може да го погледнете тука.

Можеби ќе ве интересира

Борис Џонсон: Убиството на Чарли Кирк е знак за крајниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата

C +

Конгресот на САД одобри 342 милиона евра воена помош за Украина

C +

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

C +